Зошто бремените жени бараат кисела храна?

Добивај вести на Viber

Зошто за време на бременост многу жени посегнуваат по кисели краставички? Стручњаците имаат логично објаснување за оваа желба на трудниците. Храната која е кисела го забрзува метаболизмот, велат германските стручњаци. Киселата храна исто така содржи витамин Ц кој помага на телото при апсорпција на калиум и го забрзува развојот на коските што е од особена важност во текот на бременоста. 

Желбата за некои намирници всушност покажува која храна е добра за таа личност. Некои кисели намирници стимулираат лачење на серотонинот-природниот стимулатор на расположението.