Зошто Цеца морала да го прекине концертот? Брзо изреагира, а од обезбедувањето бараше една работа
Пејачката синоќа одржа концерт во Куршумлија пред повеќе од 20.000 луѓе
Синоќа, 13 јули, Цеца Ражнатовиќ го имаше првиот концерт во Куршумлија.
Над 20.000 луѓе уживаа, но додека музичката ѕвезда го изведуваше хитот „Тачно је“, на девојката во публиката ѝ се слоши, па Цеца го прекина концертот.
Таа веднаш ги замолила обезбедувањето да ја извадат девојката од толпата и да и помогнат, а така и направиле.
- Полејте го девојчето со вода да се освести... Дајте и вода, луѓе, што ви е... - одговорила Цеца и чекала додека девојчето не добие вода, а потоа продолжила со песната.
Нејзиниот гест ги воодушеви сите на Плоштадот и околните улици.
Итната помош веднаш реагирала и го згрижила девојчето кое најверојатно колабирало од топлото.
Да потсетиме, Цеца на почетокот на концертот се заблагодари на публиката што дојде во голем број, а потоа почнаа да се редат хитовите кои фолк ѕвездата ги има во повеќедецениската кариера.