Зошто е добро да го пиете првото кафе по 9:30 часот наутро

Добивај вести на Viber

Што е првото нешто што го правите кога ќе се разбудите? Ако треба да го посегнете за машината за кафе, имаме вести за вас - ќе треба да ги промените навиките.

Од едно истражување се покажало дека пиењето кафе веднаш по станувањето е малку бесмислено. Раното будење е стресно за организмот, бидејќи е придружено со ослободување на кортизол (познат уште како "хормон на стресот"). Ако веднаш се напиете кафе, ефектот на кофеинот нема да е особено силен поради високите нивоа на кортизол во крвта. Колку повеќе време поминува, толку повеќе кофеинот ќе "бара" вашето тело да се разбуди.

Затоа научниците препорачуваат кафе да се пие 2-3 часа по станувањето. Ако, да речеме, станувате во 7 наутро, идеално време за топлиот пијалок е 9:30. Тогаш нивоата на кортизол ќе се намалат.