Зошто е важно 10-годишниците да спијат најмалку 8 часа?!

Добивај вести на Viber

Деца кои спијат помалку и редовно не си доспиваат, се со поголема веројатност да развијат дијабетес тип 2, во споредба со оние кои спијат доволно.

Секој дополнителен час спиење ноќе ги намалува килограмите, ја зголемува мускулната маса и ја намалува концентрацијата на гликоза во крвта, покажало истражување на британски лекари, цитирано од The ​​Daily Mail.

Познато е дека прекумерната телесна тежина и висок крвен шеќер се фактори кои предиспонираат кон дијабетес од втор тип, при што телото не може правилно да го синтетизира хормонот инсулин, кој го претвора шеќерот во крвта во енергија.

"Истражувањето докажа дека ноќниот сон е едноставно, евтино и сигурно средство за намалување на нивото на шеќерот во крвта, а со тоа и ризикот од дијабетес тип 2", изјавил раководителот на истражувањето Кристофер Овен од болница "Сент Џорџ" во Лондон.

Во истражувањето биле вклучени 4525 деца на возраст 9-10 години кои ја пополнувале анкетата за часа на спиење навечер, а научниците го следеле за нивото на шеќер во крвта.

Во текот на учебната година, децата спиеле во просек по 10,5. Времетраењето на ноќниот сон варира од 8 до 12 часа.

Студијата покажала дека оние кои спиеле помалку од другите, имале поголема веројатност да имаат слаба осетливост кон инсулин. Покрај тоа, овие деца биле генерално со прекумерна тежина. Сите кои спиеле лошо, имале поголем ризик да развијат дијабетес тип 2, откриле истражувачите.

Според Американската академија по педијатрија децата на возраст од 6 до 12 години е добро да спијат во текот на ноќта во просек 9-12 часа, за да избегнат ризици по здравјето.