Зошто книгата е најдобриот пријател на човекот?
Не постои ништо подобро од старата добра книга, и старомодниот начин на читање.
Седењето со книга во рака бара подолг период на фокус и концентрација, што на почеток е навистина тешко. Целосното посветување на книга вклучува исклучување од надоврешниот свет, со што со текот на времето го зајакнува вашиот распон на внимание.
Книгите огромно богатство на знаење, и за многу поевтина цена отколку различните курсеви. Читањето ви дава шанса да консумирате огромна количина на истражување во релативно краток временски период.
Кога читате, имате повеќе време за да размислувате. Читањето ви дава уникатно копче за пауза за разбирање и увид. Вакво „копче“ немате во оралниот јазик, тогаш кога нештото не го разбирате не можете да притиснете пауза.
Потребно е да читате за да ја зголемите вашата духовитост, чувство на имагинација и чувство на интимност. Со бескрајна количина на перспективи и живот можете да читате книги кои ви даваат можност да имате искуство кое досега не сте го имале во реалниот живот.