Зошто кралицата Елизабета ќе ја пропушти крштевката на најмладиот член на кралското семејство

Принцот Хари и Меган Маркл ќе прават крштевка за синот, наредниот месец во црквата Свети Џорџ, но кралицата нема да присуствува на овој настан.

Двојката се одлучи за црквата  Свети Џорџ во која се одржа и венчавката, бидејќи тука е крстен и принцот во 1984-та година. Арчи ќе биде облечен во чипка и ќе биде полеан со вода од реката Јордан.

Неговата прабаба, кралицата Елизабета нема да присуствува на крштевката, бидејќи веќе има претходно договорени обврски за тој ден.