Зошто мажите се менуваат после секс ?

Хемијата е нешто што дефинитивно нѐ поврзува со личноста што ни се допаѓа

Прашање што мачи добар дел од женската популација е прашање на кое може да се одговори само ако се погледне длабоко во машката психологија. Бидејќи факт е дека сме фундаментално различни и дека ја разбираме интимноста на сосема поинаков начин. Зошто мажите се менуваат после секс? Што се случува во нив и како се справувате со тоа?

Го доби она што го сакаше

Мора да го прифатите фактот дека една од најчестите причини зошто мажите губат интерес после сексот е всушност тоа што го добиле она што го сакале. Неговата цел беше да ве натера да спиете со него, и кога тоа се случи, тој веќе немаше интерес да ве види. Вие сте само број на неговата листа, но не треба да го земате тоа при срце, бидејќи веројатно не сте можеле да го предвидите тоа.

Чувствува дека нема доволно хемија

Хемијата е нешто што дефинитивно нѐ поврзува со личноста што ни се допаѓа. Тоа всушност претставува чувство на силна привлечност кон другата личност. Тоа е тој препознатлив и речиси опиплив момент кога телата без вашето свесно влијание почнуваат да реагираат и да „зборуваат“ едни со други и кога секој допир се претвора во огномет. Ако тој се смени откако ја поминавте ноќта заедно, многу е веројатно дека чувствувал дека нема доволно хемија меѓу вас.