Зошто поранешниот дечко не смеете да го чувате во листата пријатели на Фејсбук

Добивај вести на Viber

Раскинувањата се тешки, но никогаш нема да го преболите поранешниот додека не го избришете од листата на пријатели, наведува едно ново истражување.

Судејќи според новата студија, доколку поранешниот и понатаму е присутен на мониторот на вашиот компјутер, тоа ќе влијае себе си да си го отежните раскинувањето и опсесивно да се навлечете на неговиот профил на Фејсбук. Во текот на истражувањата, се следело користењето на оваа социјална мрежа, емотивното опоравување и личен став на 464 учесници по раскинувањето.

Резултатите биле шокантни: учесниците на студијата кои ги задржале своите поранешни во листата на пријатели на Фејсбук , се чувствувале многу полошо по прашањето на разделбата, отколку оние кои ги избришале.

Истражувачите исто така откриле дека Фејсбук профилот на поранешниот прави да се чувствувате лошо бидејќи константно се потсетувате дека сте само виртуелни пријатели и ништо повеќе.



Foto: Shutterstock