Зошто принцезата Евгенија може да има Инстаграм, а Меган Маркл не

Добивај вести на Viber

По свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, тие мораа да ги исклучат засекогаш сите профили за социјално вмрежување. Тоа е едно од строгите кралски правила, но сепак принцезата Евгенија е единствената која има приватен профил на популарните социјални мрежи, па затоа многумина се прашуваат зошто тоа не и е дозволено на Меган, иако ги имала пред свадбата со принцот.

Имено, причината е дека членовите на кралското семејство не смеат да имаат лични профили на некоја социјална мрежа, како Instagram и Facebook.

Така, на Инстаграм, Твитер и Фејсбук има профил на „Кралското семејство“ кој објавува вести поврзани со сите членови на семејството, додека Кејт, Вилијам, Меган и Хари имаат профил наречен „Кенсингтон Ројал“.

Сепак, претходно оваа година, член на потесниот круг на кралското семејство сепак отвори свој приватен профил на Instagram.

Во март оваа година, принцезата Евгенија (28), помладата ќерка на принцот Ендру и војвотката Ферги се приклучи на Инстаграм. Ендру е трето дете на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, а принцезата Евгенија има и постара сестра Битрис (29).

Евгенија е сега единствениот член на кралското семејство кој има личен профил на Instagram. Многумина се прашуваат зошто неа и е дозволено, а на Меган Маркл не?

Причината е тоа што Евгенија и нејзината сестра имаат други работи, покрај претставувањето на монархијата.

Евгенија има постојана работа во уметничка галерија и повремено се појавува на кралските настани. Иако е деветта по ред за престолот, таа се посветила на својата кариера надвор од палатата.