Зошто принцот Вилијам не носи бурма? Теориите за исчезнувањето на Кејт Мидлтон постојано се нижат, а сега сите го забележаа ова

Добивај вести на Viber

На спорната фотографија која ја објави Кејт Мидлтон, таа нема бурма, а забележано е дека ниту Вилијам ja носи бурмаta.

Фотошопираната фотографија објавена од Кејт Мидлтон не престанува да предизвикува нови теории на заговор. Многумина забележаа дека таа на таа фотографија не го носи својот познат веренички прстен од сафир и дијамант.

Како што напиша „Мирор“, претставниците на медиумите на принцезата на прашањата за нејзиниот прстен одговориле дека „кралското семејство било дома кога е направена фотографијата“. Принцезата секогаш го носи прстенот во јавност, но не и дома. Меѓутоа, нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, долго време не носи бурма, за разлика од неговиот брат, принцот Хари, кој секогаш ја носи бурмата.

Ова доведе многумина да се запрашаат дали има проблеми во бракот на принцот и принцезата од Велс. Но, според британските медиуми, нема причина за грижа. Вилијам едноставно не сака накит, па затоа не ја носи бурма.

Еден месец пред неговата венчавка со Кејт, беше објавено дека тој нема да носи бурма за време на размената на завети. „Не сака накит. Никогаш не носел. Сам одлучил да не носи бурма, а тоа е негов личен избор", рекол за „Mirror" извор близок до кралското семејство.

Фото:
Извор: Najzena.alo.rs

Оваа жена тврди дека ја знае вистината за фијаското на Кејт со фотографијата: Убедена е дека е пласирана лага во јавноста и дека од палатата кријат страшни детали за принцезата