Животна училница // Приказни
Зошто психолозите им советуваат на мажите да се облекуваат во црвено?
- 18 Март, 2018
Истражувањето спроведено од тим на психолози покажа дека мажите, за да бидат што попривлечни за жените, треба да носат облека со одредена боја.
Резултатите од истражувањето објавено во списанијата „Journal of Personality and Social Psychology“ и „Journal of Experimental Psychology“ покажале дека мажите им се попривлечни на жените ако носат црвена облека.
Жените ги доживуваат мажите во црвено како личности со статус, доминантни личности, кои се стремат кон моќ и заработуваат добро.
Кога мажите носат облека во црвена боја, сигнализираат доминација во однос спротивниот пол, што ги прави уште попривлечни во очите на жените.