Зошто само несреќна жена е добра сопруга: Задолжително прочитајте го ова!

Фото насловна: Shutterstock 

Психологот Михаил Лабковски тврди дека среќната жена е лоша сопруга и обратно, дека само несреќните жени можат да бидат добри сопруги. А, општеството е виновно за сето тоа. Еве зошто:

„Среќна жена е таа што ужива во животот, не се оптеретува со грижи, може да се издржува и да си дозволи задоволство по кое копнее ... Среќна жена е онаа што го отвора плакарот со надеж дека ќе најде чиста постелнина, и покрај тоа што е дочекана од еден куп неисперени алишта, и тоа ќе и биде смешно. Нема да биде трагедија. Таа не е неуспешна домаќинка која не ги испрала алиштата, таа е среќна жена која не е вознемирена од тоа.

Не мора сè да биде во ред во нејзината куќа, среќна жена го обожава својот мал хаос. Во куќата на среќна жена, често нема залихи, храна и пари, а нејзиниот партнер лесно може да добие впечаток дека без него, таа прекрасна, весела жена би исчезнала. Он често мие садови и ги пегла кошулите и не му е тешко затоа што никој не го присилува на тоа. Таа негова среќна сопруга не гледа трагедија во раскопчаната кошула, во тоа што садовите не се измиени од синоќа. Сè ќе се среди. Сè ќе се реши. Ако таа сака цел ден да шета низ станот во пижами, ќе го стори тоа. Што има лошо во тоа?

Среќна жена готви брзо и навистина вкусно, но без товар како ќе излезе - еј, важно е да сме сити. Сопругот на таквата жена е често слаб и здрав.

Луѓето велат дека она е лоша сопруга.


Добрата сопруга ја одржува куќата чиста. Сè е во најдобар ред во фиоките, сè е совршено наредено во шкафовите, мијалникот сјае, сите четири рингли работат на шпоретот. Во оставата, во кујната има често снабдување со храна и домашна зимница, сè што е потребно и што може да направи семејството да преживее.

Таа знае како да заштеди пари и дефинитивно има „заштеда“. Нејзините алишта се брилијантно чисти и совршено испеглани. Сопругот се здебели неколку килограми, бидејќи таа постојано подготвува солени деликатеси и совршени десерти. Сопругот е малку летаргичен, поради недостаток на активност. Пред четириесетата, тој „доби“ некои болести поради дебелина. Добра жена се однесува внимателно кон него, под услов да не побегнекако лебарка од совршената чиста куќа и од неговата совршена сопруга.

Во еден момент, добрата жена почнува да го гследи својот сопруг како полицаец, да мириса кошули, да пребарува по џебовите. Кој би останал со таква жена? А нејзиниот сопруг е како дете - тој секогаш има нешто сурово и директно да и каже.

Луѓето велат дека она е совршена сопруга.


„Што е ова, луѓе? Зошто ние мажите не се потрудиме да имаме среќна сопруга?

Неодамна забележав дека сопругата ги има сите квалитети на добра сопруга. Одлучив да ги мијам садовите за прв пат и да испеглам. Направив торта и раскренав дома. Ме гледаше зачудено“, вели еминентниот психолог и додава, „но ми се намевна како што ми се насмевнуваше пред многу години“.


Извор:stilkurir.rs

Можеби ќе ве интересира:

Мојот брат и снаа имаат супер брак, а јас барам некој што ќе им го уништи: Љубоморна сестра го шокира светот