Зошто секое дете треба да чита 20 минути на ден?
Многу е важно родителите на време да ги научат децата како да учат, така подоцна нема да имаат пролеми со задачите. Ако го научите детето како да ја сака книгата, читањето ќе му стане забава, а не досадна обврска. Американскиот портал "kidsactivitiesblog.com" објави совети кои ќе им помогнат на младите родители, а овојпат една учителка објави совети за развојот на интелигенцијата кај децата.
- Постојат многу совети кои јас, како учител, би им ги препорачала на своите ученици, а се однесува на нивното учење. Едeн од нив е - читајте 20 минути секоја вечер.
Самостојните деца треба да читаат 15-20 минути и тоа на глас. Слушајте го детето како ги изговара комплицираните зборови, внимавајте кога ќе погреши и на крај побарајте да раскаже што прочитало.