Зошто треба да се пие вода половина час пред да јадете?

Добивај вести на Viber

Да се пие вода половина час пред секој оброк е корисно. 

Тоа помага да се изгубат килограми и води до намалување на ризикот од камен во бубрег, па до енергетско оживување на телото.

Се’ на се’, телото реагира природно кога му недостига течност, затоа што водата е живот.

Резултатите од истражувањето во Бирмингем покажуваат дека пиењето на вода половина час пред оброк може да им помогне на дебелите луѓе во нивното слабеење.

Учесниците во истражувањето биле дебели повозрасни луѓе кои биле следени во текот на 12 седмици. Секој од нив имал насоки за подобрување на исхраната и физичката активност.

Од нив 43-ца биле упатени на тоа да си го визуелизираат стомакот полн пред да седнат да јадат, додека 41 од нив пиеле по 2 чаши обична вода, половина час пред оброк.

Оние од првата група изгубиле, просечно по 1,3 кг помалку од учесниците кои пиеле вода пред оброк.

Во текот на 12 седмици оние кои пиеле вода пред сите три главни јадења во текот на денот, ослабеле 4,3 килограми, додека оние кои пиеле само еднаш во текот на денот, губеле во просек по 0.8 кг.