Зошто луѓето со крвна група 0 се толку посебни: Предодредени за болести
Крвната група 0 е прва крвна група на нашите предци кои биле лукави, агресивни предатори. Аспектите на оваа крвна група остануваат важни во секое општество, дури до денешни денови. Водство, проактивност, енергија и фокусираност се меѓу најдобрите особини на луѓето со крвна група 0. Тие можат да бидат силни и продуктивни, меѓутоа, кога се под стрес може да бидат лути, хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостаток на вежби, нездрави однесувања или зголемено ниво на стрес, ги прави чувствителни на негативни метаболички дејства, вклучувајќи и инсулинска резистенција, намалена активност на тироидната жлезда и дебелеење. Вашата генетска наследност ви нуди прилика да бидете силни, продуктивни, долговечни и оптимисти.
Што ве прави посебни?
Заради својата крвна група сте предодредени за болести како чиреви и пореметувања на штитната жлезда. Припадниците на оваа крвна група исто така имаат недоволно ниво на јод, па заради тоа е отежната регулацијата на тироидната жлезда. Ова предизвикува нуспојави како дебелеење, задржување на течностите и замор.
Исто така, луѓето со 0 крвна група имаат повисоко ниво на желудочна киселина од останатите, па често пати резултира со иритација на желудникот и чиреви. Што се однесува до типот на личноста и карактерните особини, 0 крвната група се проценува како одговорна, одлучна, организирана, умерена, совесна и практична. Се смета дека овие луѓе се многу подобро ориентирани и се одлични логичари.
Од друга страна пак, стресот може да предизвика напади на лутина и хиперактивност. Луѓето со оваа крвна група се повеќе ранливи на деструктивно однесување кога се претерано заморни, депресивни или едноставно им е здодевно. Тоа може да вклучува коцкање, пороци, барање на екстремни возбудувања, импулсивност и ризични ситуации.
Избегнувајте кофеин и алкохол. Кофеинот е посебно штетен заради подигнувањето на адреналин, кој е веќе на високо ниво. Повеќе од било која друга крвна група, на луѓето со 0 крвна група им е неопходна физичка активност за одржување на здравјето и емоционалната стабилност.
Редовната активност подразбира вежбање 3 до 4 пати неделно. За најдобри резултати се препорачува аеробна активност 30 до 40 минути.
Паметно би било да ги одредите плановите и задачите кои ги имате, без оглед дали се работи на годишно, месечно или дневно ниво, за да ги избегнете импулсивните реакции. Редовно јадете, па дури и вметнете меѓуоброци. Џвакајте полека и јадете опуштено. Избегнувајте го донесувањето на големи одлуки или трошење пари кога сте под стрес. Кога ќе накачите некој килограм, само физичката активност може да ве спаси.