Многу е лесно ако редовно тренирате и избегнувате грешки кои им се случуваат на многу дами. Секако, до рамен стомак не може да се дојде преку ноќ, па истрајноста и трепението се многу важни на било кој пат до посакуваниот изглед.
Дознајте кои работи треба да ги избегнувате и што треба да промените во својата рутина ...
Не конзумирате доволно вода
Едноставно е колку и да звучи-недостигот на вода во организмот може да предизвика таложење на истата во пределот на стомакот. Кога не пиете доволно вода, телото почнува да паничи и да складира вода. На наша среќа постои лесно решение: само променете го количеството на вода и пијте ја многу повеќе отколку досега. Дневната доза треба да биде минимум 2 литри, секако се треба да распоредите цел ден.
Правите премногу кардио вежби
Факт е дека кардио тренинзите најбрзо и најлесно ги согоруваат мастите, меѓутоа истите тие вежби го прават телото гладно и ве охрабруваат да внесете повеќе храна отколку што би направиле инаку. Главна работа кај губење масти во пределот на стомакот не се наоѓа во кардио вежби, туку во исхраната.
Имате нереални очекувања
Сечие тело е поинакво. Секоја личност сигурно има во својата глава идеја како сака да изгледа - како некоја позната личост или пријател кој според неа е совршен. Меѓутоа, сите сме различни и единствени, па според тоа мора да се гради слика на идеален изглед. Тонирање на мускули, и изглед на тело може да се промени со вежбање и исхрана, но и тоа мора да биде многу реалистично. Покрај тоа, секој треба да знае дека видливи стомачни не може да се видат за два дена!
Не правите доволно вежби за средниот дел од телото
Иако исхраната е најдобар начин да дојдете до совршена цел и рамен стомак, вежбите за средниот дел се исто така многу важни. Не ви е потребна никаква скапа опрема, само време и одлучност. Пробајте да направите 500 стомачни, планкинг од 3 минути и 100 склекови. Да, сигурно ќе боли, но без малку мака нема ни резултат.