Животна училница // Приказни
Ана Бунтеска: Во секој еден по две лица има
Едниот-оној за пред луѓе
Арен и мил
Тивок и кроток
Ко за покажвање де
Демек да речат туѓинците шо добар си
Другиот - за пред домашните
Та нервозен од работа си бил
Истреси се дома
Та ти стапнал некој на жуљ
Викни на домашните
Неубо пиле
Ич не е убо така
Двата лика во чоека не се за да се поделат
Да се расцепат на арен и лош
И со арноста комшиите да се сладат
Оти тие шо ќе речат демек многу важно
А со оние дома шо се
Да можи чоек и лош да биди
Демек па тие оти те сакаат нема да ти се лутат
Ами од тоа си патиме чупе
Да сме им убај луѓе на оние
Кои и вака и онака петпари за нас не даваат
Да сме мед и млеко со сите шо в куќи не ни се
За не се прекажва оти сме некултурни и чудаци
Оти надвор од дома сите исти мора да сме
Со лажни насмевки
Со лажна милост и кроткост
Ѓоамити ко е најтешкото тие до нас се
И ко е чоек болен тие го гледаат
Зато чоек треба средината да си ја фати
Да не забегва ни во црното ни во белото
Да знај да ги живеј сите бои
Да е арен за себе дур правдината во него така вели
Без да му е гајле дал дома е ил некаде надвор
И да знај да подвикни за се избори за своето
И дома, ама и на оние надвор да им се втури
Чуден сој сме ние луѓето
Еве јас да ми ти кажам пиле
Појќе ни е мило шо ќе ни кажат од надвор
Колку и да знајме оти тоа тупкање по рамо е лажно
Ко да се срамиме од себе да сме она шо во нас лежи
Ами налет да е таквиот живот
Да глумиш некаде за дома да си стушен
Налет да е да си така поделен
Со две лица
Да живејш во лага со себе
И со тие шо со тебе и во зло за рака ќе те држат
Абе животни да бевме појќе ќе знаевме
Оти кучето стопанот не си го каса
Туку им режи на оние преку куќниот праг шо ги гледа
Ех пиле
Ех чупче мое
Чоек да знај средината во себе да ја најди
И за никој да не живеј и да не се јади
Освен за себе и оние кои секогаш тука останваат
Во добро
И во зло...и во зло пиле мое
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска