Антонија Атанасова сонува да стане примабалерина

Добивај вести на Viber

Антонија е едно прекрасно девојче, кое сонува да стане примабалерина. Нејзин идол е примабалерината Александра Мијалкова. За да го оствари својот сон, таа работи интензивно.   Антонија е ученик во основното училиште Ј: А Коменски во Скопје. Како претставник на Арт Балет и Македонија, досега веќе била дел од многубројни танцови натпревари и фестивали. Успеала да биде шампион во класичен и модерен балет во Романија, Германија, Италија, Холандија, Србија, Бугарија, Грција, Австрија и секако во Македонија. Антонија започнала со балет на 6 та година во Арт Балет. Нејзиниот ментор Тамара Ѓурчиновска, го препозна нејзиниот талент, па заедно работат на негово развивање и усовршување преку едукацијата и техниката на класичниот балет. Последниот натпревар кој беше дел од танцовата светска организација ЦИД Унеско во Бугарија се случуваше во периодот од 30 ноември до 3 декември 2017 год. во градот Банско во Домот на Културата. Антонија со нејзината изведба го освои 5 членото жири кое се состоеше од  членови од Казахстан, Русија, Украина и Бугарија. Тие донесоа одлука од 1800 натпреварувачи, да и ја доделат токму на нејзе наградата за „Талент на Натпреварот“, а освои златна Звезда како и парична награда.