Животна училница // Приказни
Близнаците добиваат нормални услови за живот
Откако А1он ја објавија тажната приказната за лошата состојба во која се наоѓа семејството Зафировски, како и условите од куќата во која живеат, скопска градежна фирма се пријави да донира градежен материјал и останати потребни средства за изградба на тоалет и санирање на покривот на руинираната куќа во Долно Лисиче.
До сега близнаците кои се оставени од нивните родители, бабата и дедото ги бањаа во корито. Никогаш немале тоалет.
Покрај ова, банкарската сметка на Веле Зафировски, дедото на Тео и Тони е одблокирана преку донациите на граѓаните со што минусот на трансакциската сметка е сведен на нула. Жена во банка го платила долгот од 23.000 денари по што сметката сега е функционална.
Многу граѓани, по објавената сторија на А1 он, одлучија да овозможат овие дечиња конечно да добијат безгрижно детство.
https://www.youtube.com/watch?v=Wk74O8p6n9Q