,

Бобестите култури го намалуваат вишокот на килограми

Добивај вести на Viber

Бобестите култури одамна се познати како здрава опција за намалување на холестеролот, но тие исто така помагаат во борбата против вишокот килограми. Само една порција дневно, три четвртини од чаша грав, грашок, наут или леќа е доволно за да ви помогне да изгубите неколку килограми. Бобестите култури прават да се чувствувате заситени, но исто така помага да се намали лошиот холестерол, пишува во една студија објавен во „The Independent“. За разлика од другите диети, оваа исхрана не е придружена со одземање и повлекување на голем дел од храната на која сте навикнати. Иако губењето на тежината не е драстично, наодите на научниците покажуваат дека леќата, гравот и грашокот помагаат да се изгуби тежината и да се задржи тежината со неутрализирање на ефектот на јо-јо.