БРАЌАТА НУНЕ СО НОВ АЛБУМ: Горди сме што последните песни мама Есма ги сними со нас

Добивај вести на Viber

Докажаните инструменталисти Филип и Раде Нуневски (Nune Brothers) кои ја придружуваа Есма Реџепова Теодосиевска на последните нејзини концерти, промовираа нов материјал. Албумот „По патот“ содржи единаесет композиции, меѓу кои и „Латино у моди“, нивната заедничка тема со кралицата на ромската музика. - Соработката со нашата мајка Есма почна во 2015 година. За жал, не траеше многу. Две години патувавме насекаде низ светот и тој е најубавиот период во нашиот живот. Беше неверојатно позитивна личност, зрачеше со убава енергија. Горди сме што последните две нумери ги сними токму со нас – велат Нуневски. [caption id="attachment_10082" align="aligncenter" width="610"] Браќата Нуне со кралицата на ромската песна на концерт во Љубљана[/caption] За заедничкиот рефрен со Есма, браќата Нуне реализираа и видеозапис режиран од Дарио Јанковиќ. Нагласија дека токму со овој спот сакале да изразат огромна благодарност кон легендарната пејачка за сè што направила за нив, но и воопшто за музиката. - Таа сега пее од небото, од рајот, а наша должност беше да ги реализираме сите зацртани планови. Беше тешко без неа, но и чест да се работи на целиот проект – изјавија на снимањето. https://www.youtube.com/watch?v=OLekmzGqKN8
*Есма ја придружуваа и на еден од последните нејзини настапи, лани во Шибеник
На новиот албум, браќата Нуне соработуваа со докажани автори и музичари меѓу кои и Џамбо Агушев, Милан Кацарски, Милан Завков и Николче Мицевски. Со проектот Next level, Филип и Раде лани најавија сериозен пробив на интернационалната сцена и реализираа повеќе настапи во Европа и Америка. Велат дека нивната музика е наменета за светскиот пазар, а проектите им ги менаџира реномирана концертна агенција која со години соработуваше и со Есма. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов