Американци на плоштадот Копли во Бостон свират македонски ора.
Ова го забележал Македонец кој во моментот бил на наведената локација, и се подготвувал да оди на аеродром.
„Двајца музичари свиреа македонска музика на плоштадо Копли. Ви благодарам што ми го разубавивте денот дечки. Ми го разубавивте патувањето на најнеочекуван и изненадувачки начин“ – пишува Македонецот кој ги снимил двајцата Американци додека свират македонско оро.
Тој не очекувал дека во Бостон ќе наиде на луѓе кои свират македонски песни и за него ова било пријатно изненадување.
https://youtu.be/vMEHYJ_8Qcw