Стил Профил,
Трендови
(ВИДЕО) Шминкерката на познатите ги покажа сите детали: Изгледајте како Мерлин Монро во само неколку чекори!
Мерлин Монро или Норма Џин Бејкер, беше американска актерка, пеајачка, модел. Глумеше во бројни успешни холивудски филмови во педесетите години на 20-ти век.
Во време на нејзината најголема популарност, жените ширум светот се делеа на оние кои се поистоветуваат или со Мерлин или со Џеки Кенеди. Многумина ја копираа поради нејзината природна харизма, а тоа воглавно било невозможно да се постигне. Магазините и филмовите биле преплавени од нејзини фотографии, во кои носела тренд комбинации, имала шминка и фризури за кои жените лудуваа.
Лиза Елдриџ многупати во своите туторијали угостуваше познати личности и модни икони како Клаудија Шифер и Алекса Чанг, а сега одлучи да го рекреира изгледот на најпозната филмска дива-Мерлин Монро.
Погледнете го туторијалот со кој ќе може лесно да усвоите некој трик од оваа шминкерка.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=690&v=RAneUTr8mog