Животна училница // Приказни
ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?
Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов
„Капка под небото“ (Каролина Гочева)
https://www.youtube.com/watch?v=_hvwQ3lWNzo
Тема од истоимениот албум на Каролина Гочева, уште една композиција на авторката Весна Малинова Бабамова која првично била планирана за еден од националните евровизиски избори.
- Приказната почна уште кон крајот на 2006 година кога, всушност, и е родена оваа песна, кај Весна во нејзиниот момински дом. Неколку дена по ред се среќававме и заедно мозгавме што би сакале да направиме. Се подготвувавме за тогашната „Евровизија“, така што песнава претрпе неколку измени. Со оглед на тоа што не пројде на конкурсот, но остана во моето срце, неколку години беше во мирување и беше првата сигурна песна која гарантирано оди на албум–раскажа Каролина во интервју за „1Е Магазин“.