ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Неправда“ (Лева патика) https://www.youtube.com/watch?v=3MQaYbwDLuw Гранит Таки, пејачот и водачот на „Лева патика“, со ќерка си Леа последен пат ја отпеа во живо пред две недели како специјален гостин на повратничкиот концерт на групата „Меморија“. Токму тој во едно интервју откри дека антологиската тема на почетокот не сакале да ја емитуваат на Радио Скопје, наводно поради тенденциозниот текст. Тој и останатите членови на бендот биле обвинувани дека шират антикомунистички пораки со стиховите „имаш ти, немам јас“. Реагирал и композиторот Љубомир Бранѓолица кој по две недели успеал да ги убеди луѓето во националниот сервис да ја вратат песната во етерот. - Текстот е инспириран од луѓе и настани што ми беа блиски во тоа време. Еден мој другар сонуваше за „БМВ алпина“, друг беше заљубен во Кети Лешкова, тоа беше нашата тогашна градска шема–откри Гранит Таки.