ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Црно тиквешко (Владо Јаневски) https://www.youtube.com/watch?v=6doMdFf_J3M Безвременската балада „Црно тиквешко“ е создадена во периодот кога се распадна дуото „Ластовица“. Стиховите за една од најубавите љубовни теми на Владо Јаневски изворно се напишани за песната „Кучка неверна“, на таа мелодиска линија. - Кога се разиде со Роберт Саздов, Владо си го повлече текстот. На една наша случајна средба ми раскажа што се случило и брзо се договоривме јас да ја работам музиката на текстот кој беше одамна готов–откри Григор Копров во една прилика.