Животна училница // Приказни
Декемвриското писмо на една осамена жена
Здраво, странецу,
Повторно е декември, а јас сум на крстопат. Ми недостасуваш, ми недостига начинот на кој мојата рака се вклопуваше совршено со твојата. Ми недостигаат тие мали моменти, оние насмевки, тој мал прозорец преку кој го гледавме светот заедно.
Во декември, сите патишта водат кон тебе. Секое место во овој град, секоја улица, секој тротоар, секоја случајна клупа, ме потсетува на некој украден миг со тебе. Тогаш, кога светот не постоеше, а само јас и ти.
Само јас си знам колку те сакав, сакам ... Да, можеби сеуште те сакам или барем сум вљубена до болка во нас и во начинот на кој моите очи блескаа кога погледот те пресретнуваше тебе.
Денес нема погледи, денес сум сама и се ми изгледа неинтересно и лишено од смисла и убавина. Бидејќи на крајот на краиштата, најважно е да имаш со кој да ги споделиш празниците, да има на кој да му спакуваш подарок, да има кој да ти излупи неколку мандарини и да те храни со нив како да си мало дете.
А јас те немам тебе, и просторот околу мене станува сè попразен. Оние топли спомени стануваат се постудени , раните од тебе зараснуваат, веќе не се сеќавам точно дали рожницата беше кафена во твоите очи, заборавам и каква бев јас со тебе и заради тебе.
Сега сум само јас, изгубена возрасна девојка која знае што сака, но таа не знае што таа заслужува. Се надевам дека каде и да си во празничните денови, ќе се чувствуваш сакан и значаен. Ти посакувам среќа, но си ја посакувам и на себе.
Еве зошто дојде време да се разделам засекогаш со тебе. Ти благодарам, што ме научи да живеам и ми покажа што е љубовта. Благодарение на тебе сега точно знам што си посакувам за празнците, а тоа е нешто многу поедноставно- помалку осаменост.
Фото: Weheartit