Делот од телото кој го допрела љубовта на другиот оживува.
Дали ова сте го почувствувале? Ако некој со љубов ја земе вашата рака во својата, таа оживува.
Во неа пулсира нова радост, а пред тоа не сте биле свесни за тоа.
Сега, кога раката ви оживува, таа е пожива од било кој друг дел од телото.
Раката станува поголема, потопла и потопла.
На чувство на другиот таа реагира, пулсира, вибрира, струи.
Психолозите велат дека детето кое никогаш не го погалил родителот останува мртво.
Неговото тело никогаш нема да оживее.
Детето има потреба од прегратки, од љубов.
Во спротивно, никогаш нема да го почувствува животот кој пулсира во него.
Ќе остане ладно, и никогаш нема да почувствува топлина.
Неговата топлина мора да биде испровоцирана.
Кога некој ве гушка, тоа не е пуст гест, празен, туку е вистински.
Почнете да се движите кон оптимизам. Луѓето живеат монотоно, без љубов, без длабочина.
Набљудувајте го своето тело, што се случува кога гушкате некој?