,

Децата се учат од мали нозе

Добивај вести на Viber

На децата не треба да им го диктираме животот, ниту да им наметнуваме мислења и ставови. Но, сепак имавме обврски и одговорности како родители. Своите деца мора да ги научиме на вистинските животни вредност, за да можат правилно да се фокусираат во животот. Одгледувањето деца во денешно време не е лесно, но не ни невозможно. Своите деца, секој од нас мора да ги научи како да прераснат во зрели и одговорно личности. Секој заслужува почит Најважната работа е врзана со почитувањето. Секој заслужува почит. Без разлика дали се работи за мало дете, бездомник,о кој било човек кој го среќаваме во нашето секојдневие. Сите мора да се почитуваат, без разлика на полот, статусот или бојата на кожата. Ова е најважната работа на која мора да ги научиме нашите деца. Почитта мора да е искрена Научете ги децата дека почитта е сериозна. Не сме да се глуми, туку да биде реално. Само на тој начин се создаваат вистински животни вредности, кои подоцна се практикуваат. Жените се важни, еднакво како и мажите Битката за рамноправност меѓу половите не е завршена. Децата мора да се научат да ги третираат сите еднакво. Жените и мажите се еднакви, ова мора да се сфати. Талентот и вештините не познаваат пол. Луѓето се почитуваат без разлика од каде потекнуваат Не се сите луѓе еднакви, но сите заслужуваат почит. Расните, половите и другите разлики сѐ уште се присутни, скоро секаде, за жал. Многумина се дискриминирани, без да го заслужат тоа. Токму затоа, своите деца мора да ги научиме да почитуваат секого, без разлика на возраста, полот, расата или финансискиот статус. Авторитетот мора да се почитува Вашите дева мора да научат дека секогаш во животот ќе се среќаваат со авторитети. Непочитувањето на нив, не е дозволено. Децата мора да научат да ги почитуваат, почнувајќи од своите наставници, тренери, други родители и сл. Вие сте пример Децата секогаш учат од своите родители. Затоа секој од нас мора да биде добар пример. Ако вие се однесувате со почит кон сите, тој пример ќе биде следен. Токму затоа, мора да дадете се од себе за да бидете најдобрата верзија на самиот себе.