Драги самохрани мајки: Вашите деца ќе бидат добро!

Добивај вести на Viber

Нема да лажам. Додека растев, понекогаш ми беше тешко. Мајка ми беше самохрана мајка. Деновите ги поминуваше како учителка и цел ден беше со деца и дома си доаѓаше потполно исцрпена. Понекогаш беше толку уморна што се враќаше дома и се заклучуваше во својата соба и молчеше. Имаше многу солзи и расправии. Понекогаш се каравме силно, понекогаш плачев. Понекогаш и таа плачеше. Но, секогаш имаше добри денови и секогаш се смирувавме. Во поладневните часови нѐ носеше мене и сестра ми во град за да јадеме сладолед. Понекогаш само се возевме наоколу. Понекогаш шетавме на кеј. Секогаш ја сакав мојата мајка и неверојатно ја почитував, и покрај сите расправии. Таа беше мојата карпа. Знаев дека безусловно ме сака. Знаев дека секогаш, ама баш секогаш ќе биде покрај мене. И тоа е единствената причина поради која јас и сестравме израснавме во силни жени. Дали разводот ќе влијае на децата? Секако, еве јас и сестра ми станавме независни жени кои знаат да љубат со целото срце. Мислам дека не сфаќав што се мајка ми правеше за нас, се додека и самата не станав мајка. Најраните години од детството на моето дете ме удираа во лице. Се мачев со млекото, со секакви обврски и многу малку спиев. Се обидував да ги задоволам потребето на ова малечко суштество чие постоење зависеше од мене. Но, јас имав помош. Имав маж кој поеднакво беше ангажиран околу родителските должности. Од оваа гледна точка, не ми се веруваше како мајка ми го правела ова сама. Мојот татко беше добар татко. Беше тука за мене кога бев дете. Но, кога сестра ми се роди, мајка ми беше сама во тие бескрајни, непроспиени ноќи. Помагав, но сепак имав само 5 години, па така мојот досег на помош беше ограничен. Немам поим како го направи тоа, но неверојатно многу сум и должна. Јас не сум самохрана мајка, но имам драги пријателки кои се и навистина се трудам да ги поддржам со сето срце. Ако постои една работа која би можела да им ја кажам на самохраните мајки, тоа е: Го можеш тоа! Супер ти оди. Не си совршена. Сите мајки се несовршени. Но, со самото обидување и присутност вие создавате магија за своите деца. Давате се, дури и кога мислите дека не ви оди. Тоа е она што им е потребно на вашите деца – ВИЕ. Вашето присуство и љубов. Тоа е нивното сидро. Понекогаш не го гледате тоа. Децата се незгодни: плачат. Знам дека лежиш на крајот на денот и плачеш. Знам дека сакаш да бидеш два родители во исто време. Сакаш да имаш некој кој ќе ти помогне. Само сакаш да дремнеш, да спиеш неколку дополнителни часови во денот. Но, супер ти оди! И најважната работа која треба да ја знаеш: Твоите деца ќе бидат добро. Твоите деца ќе сјаат. Ти благодарам. Ти благодарам што сите овие години вложуваш крв, пот и солзи во животот на твоето дете. Фала ти што го жртвуваше твојот сон и здравје. Децата можеби нема да ти се заблагодарат, но нив навистина им значи тоа. Знам дека не изгледа секогаш така, но секој ден ја правиш најважната работа на светот. Затоа – опушти се малку, држи ги децата близу себе и биди среќна. Одлично ти оди!
Foto: unsplash.com