,

Жените бираат: Ги сакаме своите килограми, стрии и брчки

Добивај вести на Viber

Да се биде комплетно задоволен во денешно време не е лесно. Посебно затоа што општеството ни наметнува (пре)високи стандарди. Но, да се постигне тоа, без оглед на градбата, килограмите, бојата на косaта…е сигурен пат кон среќата. Вака тврдат жените кои вистински го сакаат своето тело.   Позитивната филозофија за изгледот, најверојатно почнува да делува, па и покрај високите стандарди кои ни ги наметнуваат медиумите и општеството. Дали сум доволно слаба, што да облечам, дали мојата фризура е ин или аут, што ако не сум убава, како да го победам целулитот… Најновото истражување на магазинот Women’s Health во кое учествувале 2000 жени, покажало дека 46% од жените денес, подобро се чувствуваат во своето тело од пред 4 години.   Додуша, сè уште мора да се средат некои ситници за да бидеме комплетно задоволни, но самодовербата пораснала дури кај половина од жените воопшто, иако 79% сè уште не се чувствуваат сигурни во бикини. За да помогнат и дополнително да ги мотивираат тие на кои има недостасува самодоверба, читателките во една акција на медиумите во Велика Британија започнале да постираат на Твитер постови во кои би ја поттикнале (само) љубовта. Еве дел од нив:  
  • Фокусирај се на тоа да бидеш силна, а не слаба
  • Не грижи се за величината на облеката - пронајди ја таа во која ќе се чувствуваш убаво
  • Игнорирај ги луѓето кои се потсмеваат со твоето тело
- Игнорирај ги правилата „што смее, а што не смее да се носи“ и носи го тоа што ти одговара    
  • Усоврши ги своите вештини кои ќе покажат дека не си само парче месо
  • Јас сум ХХХЛ и сакам да сум гола секогаш кога може. Се помирив со моето тело и уживам
  • Погледни се во огледало и сакај го својот одраз. Не троши го животот на желби. Биди тоа што си и сакај се!