Семејните жени секогаш се грижат за децата. Но, често се и медицински сестри на своите сопрузи. Тие се тука да готват, да сакаат, да перат и пеглаат, да го чистат домот и да бидат секогаш убави. Ова се прави секој ден, па дури и во викенд.
Која е главната причина зошто жените во брак се исцрпени? Децата се погрешен одговор. За сѐ се криви сопрузите, вака тврдат научниците.
Тие направиле истражување во кое анализирале 7000 мажени жени.
Нивото на стрес во просек се движи на скала од 8,5 до 10.
Но, интересно во ова истражување е тоа што 46% од жените се под стрес заради мажите, а не поради децата.
3 од 4 жени велат дека поголем дел од одговорноста дома е на нивен грб.
1 од 5 мајки вели дека е под стрес затоа што не добива помош од сопругот.
Кога мажите ќе ја загубат својата сопруга, нивнот здравје се влошува. Обратно, кога жените ќе го загубат сопругот, стануваат поздрави и подобро се справуваат со стрес и депресија.