Женски Магазин желби за 2018: Ана Бунтеска – да му се насмееме на животот… да цутиме… со срцата млади… за навек.

Добивај вести на Viber

Жена си од оние со две срца силна на која не и’ треба ден за љубов и на која години не и’ се бројат која става лајк на сопствениот живот насмеана оти така низ животот се оди која вреска и знае дека молкот љубов не е туку пилето кога во срцето пее чудо од жена си! која молчи ако на чоека нема нешто убо да му кажи која си ја гледа чергата која како стареј, поубо љуби љуби со љубов чии корења стасуваат до центарот на земјата и знае да каже “те сакам до небото и назад” на која не и’ е страв од луѓе кои викаат оти е храбра да те предизвика на двобој до премаленост да се љубите дур воздух не изгубите дур од љубов не се убиете, за живи да останете жена уба на себе да си бидиш и убав чоек до себе да имаш кој со љубовта своја ќе те накити кој ќе знае дека за љубовта не се говори ниту пак се пишува кој ќе знае колку е потребно за среќа и дека без љубов не бива во умот ќе те носи и времето по тебе ќе го мери кој за љубов ќе го бива за староста заедно да ја дочекате и силно ќе те гушка велејќи “не мрчи, од љубов е” оти нема голема љубов ако нема големи луѓе Драга моја, само живи и здрави да сме да се пулиме во љубовта дур не оќориме да му се насмееме на животот да цутиме со срцата млади...за навек. Среќна Нова 2018 Ана Бунтеска