Женски Магазин желби за 2018, Вики Чадиковска: Новата 2018 нека биде убава и љубовна

Добивај вести на Viber

Поделете љубов! Кој дава, секогаш добива, па дури и кога не очекува! Насмејте се и кога ви се плаче. Насмевките со солзи се убави, без разлика колку и да се тешки. Поделете ручек со некој кој нема. Среќата секогаш е во малите дела, наместо во шопинг. Играјте и пејте на песната која ја сакате, не грижете се што мислат другите, тие секогаш и онака ве гледаат со други очи од вашите. Гушкајте ги вашите, семејството е најважно, тоа е најважниот мост на љубовта во животот. Кажете им на вашите колеги и пријатели дека се прекрасни, со нив минувате многу време, заслужуваат, па дури и да не се согласувате секогаш. Простувајте, па дури и да не заборавите. Душата живее од прошка, а и сите грешиме, некои повеќе, некои помалку. И да, не заборавајте, секое лошо е за добро, иако кога се случува, не изгледа така. Уживајте во слободата на изборот за одлуките кои ви го прават животот. Ви посакувам да ја ослободите својата душа и да се радувате на малите мигови кои даваат магија. Не мора секогаш да имаме многу. Важно е да имаме животна сила. Уживајте во сонцето, во месечината, снегот, дождот и ветерот. Тоа ќе ве инспирира кога ќе ви биде тешко. Сакајте и бидете сакани. Љубовта е најубавото чувство. ПС: Помалку политика. Од неа добро виделе само политичарите. Драги пријатели, читатели, колеги… Новата 2018 нека ви биде убава. Дедо Мраз нека ги послуша сите ваши желби, затоа што сите ние сме умни деца. Ви посакувам среќа, љубов и здравје дома, успех и многу пари во вашите професии, насмевките да ви го разубавуваат секој нов ден… Вашите желби нека станат убава реалност на која сите ќе се радуваме во 2018. <3 нека не грее и чува цела година Ве сакам и ви посакувам сите убави нешта да ви се случат кога и да посакате во 2018! Љубов, насмевки, пак љубов… Парите не се најважни, но го вртат светот, па имајте ги колку ќе ви требаат. Бидете ми здрави драги мои и онакви како што сакате да бидете! СРЕЌНИ, НАСМЕАНИ И ПРЕКРАСНИ ПРАЗНИЦИ За Женски Магазин, Вики Чадиковска