Женски Магазин желби за 2018: Ружица Митровиќ – Бидете волшебна ѕвезда за вашите деца

Добивај вести на Viber

ДРАГИ РОДИТЕЛИ, ЧИТАТЕЛИ НА ЖЕНСКИ МАГАЗИН На прагот на Новата година ќе ви посакам многу здравје, многу љубов, илјадници убави моменти споделени со вашите деца! Секогаш наоѓајте време да им се посветите, да ги слушнете, да ги прегрнете, да бидете дел од нивниот шарен свет! Љубовта што ќе ја споделите со нив, ја споделувате со универзумот. Бидете волшебна ѕвезда за вашите деца и тие за вас. Божиќната среќа да ги стопли вашите срца и вашите домови! Среќни празници драги читатели! Со почит Ружица Митровиќ