,

Живејте и сакајте после разводот

Добивај вести на Viber

Една од најлошите емоционални кризи во животот на жената секако е разводот. Иако денес стана социјално прифатен во случаи кога не може да се најде подобро решение за несогласувањата во бракот, разводот остава големи модринки на душата на секоја раведена жена, која и понатаму е обележана. Кога вдовица остане без маж, сите се сетат да и помогнат, додека разведена жена сите ја избегнуваат како да е заразена. Телефони повеќе не ѕвонат и наместо да бидат полни со сочувство „пријателите“ се повлекуваат со нема порака „промаши и мораш да платиш со цената на сопствената изолираност“. Чувството на осаменост е една од најголемите препреки и рани кои настануваат после разводот. Осаменоста на разведена личност се разликува од секоја друга осаменост бидејќи таа личност мора да се соочи со фактот дека сама мора да го изгради целиот свој нов живот. Таа мора да се помири со фактот дека многу нејзини оженети пријатели и пријателки ја напуштиле. Разведена жена претставува огледало за пукнатините на другите бракови. Таа мора да научи да запознава нови луѓе, мажи и жени, покрај тоа што мора да совлада и парични проблеми и проблеми поврзани со одгледување на деца. Единствен начин како разведена жена да уживате во животот е да го прифатите фактот дека сте разведени, дека живеете живот таков каков што е сега, а не својата осамена состојба да ја сфатите како еден негативен период на исчекување нова врска. Најтешката работа за разведена жена е надминување на сите чувства на вина поради тоа што не опстанал бракот засекогаш. За среќа, денес на разводот не се гледа како животен промашок, на нешто што треба да се срамиме, туку на еден храбар чекор кон мирен и задоволен живот. „Подобро добар развод отколку лош брак“, е навистина точна реченица. Лошиот брак не е ниту добар ни за мажот ниту за жената. Тој го нарушува психофизчкото здравје на партнерот, а децата многу повеќе страдаат гледајќи ги родителите кои секојдневно не се поднесуваат. Децата учат лош модел на заеднички живот и по тој модел веројатно ќе живеат во своето семејство. Идентично како од училиште ,  од бракот се излегува со диплома. Секоја разведена жена со  време и со напор може себе да си изгради задоволителен стил на живот. За да го постигнете тоа, треба да прифатите предизвик  и да бидете отворени за нови искуства. Бидејќи задоволителен осамен живот нема врска со вашите години, но има врска со состојбата на вашиот дух. Разводот ви дава шанса за нов живот, поинаков и подобар. Меѓутоа, од вас зависи дали ќе дојде до тоа. Тоа може да го постигнете ако усвоите позитивен став и ако развиете независен дух. Осамениот живот има свои фантастични предности како што се слобода, независност, самостојност. Имате радост која донесува сознание дека вие располагате со свои пари, се снаоѓате во животот како неомажена мајка, поминувате време онака како што вас ви одговара. Животот е еден процес, а не дадена состојба. Како немажена жена мора да се судрите со се она за што културата ве учела дека единствено може да се исполни низ брак. Ако имате волја да се издигнете над синдромот „сирота јас, не сум мажена“, тогаш знајте дека станувате зрели, дека сте се поблизу до самоисполнување. Нема да мора да ги прифаќате работите кои не ви одговараат. Не се согласувавте со неговата мајка, а моравте да ја трпите секој викенд? Сега заборавете на тоа и чувајте си ја енергијата за позитивни работи.  Помалку ќе викате и помалку ќе се нервирате. Ако не сте опкружени со луѓето кои ве вадат од такт, ќе бидете посреќни и ќе ја откриете новата, попозитивна страна во себе.  Нема да има потреба повеќе да се карате и да се расправате каде ќе стасате. И вашите деца ќе бидат посреќни затоа што нема да мораат да ги слушаат секојдневните караници, Ќе уживаат во љубовта и доброто расположение на мама и тато. Ваш живот- ваши правила! Се што е поврзано од ентериерот во вашиот дом па се до тоа како ќе го поминете слободното време, зависи од вас. Главата горе-Животот не завршува после разводот. Една врата се затвора, друга се отвора. Можеби животот ви носи нешто поубаво?