Запознајте го Дедо Добри-103 годишниот старец од Бугарија кој има силна порака до сите

Добивај вести на Viber

Добри Добрев е старец од Бугарија, роден во село Бајлово, на 20 јули во далечната 1914 година, кој го сметаат за жив светец. Останал речиси сосема глув во Втората светска војна, а годините ниту недостатокот на слух не го спречуваат секојдневно да поминува 44 км од Бајлово до Софија, каде денот го пминува во своевидно „просење“. Некогаш тој пат го поминувал пеш, а денес, поради годините, тоа го прави со автобус. Зошто своевидно просење? Прво, парите кои ги „испроси“ не ги задржува за себе, но за тоа нешто подоцна, а второ-според сведоштвата на мештаните, тој никогаш директно не бара пари. Кога фотографиите на племенитиот старец се најдоа на социјалната мрежа „Imguru“, еден корисник прокоментирал: „Го знам дедо Добри-така го нарекуваат сите локалци. Живеев во Софија пола година и секојдневно патував со него во трамвај. Излегуваше секогаш станица после мене. Секојдневно патниците го препознаваа и му приоѓаа да му честитаат. Добри е полн со приказни кои ја топлат душата. Исто така, никогаш не моли за пари, секогаш има чашка крај себе во која луѓето му ставаат кој колку може, а тој на секој му покажува благодарност.“ Што се случувало со парите кои дедо Добри ги собрал? Храмот Свети Александар Невски, патријаршија на Бугарската православна црква, е изграден во 1908 година, со децении бара реставрација. Сепак, и покрај тоа што таму редовно се одржувале служења, и покрај тоа што ги собирал највисоките црковни претставници од цел свет, бил се позапуштен. А тогаш се појавил дедо Добри. „Не можев да верувам а и понатаму ми е тешко да сфатам дека убедливо најголем предлог за обнова на Храмот Свети Александар Невски ја дал дедо Добри-оној кој секогаш им се поклонува на сите, облечен во народна носија. Минатата година дал прилог од 35.700 лева околу (20.000 евра)! Тој, толку сиромашен и скромен“!-рекол после обновата Тиверополскиот епископ Тихон. Дедо Добри, воен ветеран, има месечен приход од само осумдесет евра. И покрај тоа, не присвоил ниту лев за себе, туку парите на добрите луѓе ги чувал како би дал прилог за обнова на Храмот. Епископт Тихон, откако старецот приложеил богат прилог каков со децении никој не дал, го прашал дедо Добри зошто тоа го направил. „Собирам пари за манастири. Сакам да ги обновиме сите запуштени цркви и манастрири. Вредно работиме на тоа, не е тоа многу, но даваме се од себе. Многу цркви се запуштени и никој не ги посетува. Би требало сите да се обноват“, рекол дедо Добри пред камерите. Многу манастири и цркви во Бугарија овој дедо ги обновил со својата предана работа-црквата „Свети Кирил и Методиј“ во родното Бајлово, црквата „Свети Ѓорги“ во Горна Камарица ...списокот е долг, а дедо Добри и понатаму работи на својата мисија. Сепак, одговор на прашањето зошто тоа го прави никогаш не дал. Не сака да говори за себе-тогаш редовно кажува дека тој „не е важен“. Во едно неодамнешно интервју кое го дал, споменал дека некогаш се занимавал со земјоделство. Куќичката во Бајлово пред повеќе години и ја подарил на Црквата. Од лани Дедо Добри, симболот на доброто во Бугарија, живее во манастир. На 102 години живиот светец од село Бајлово се повлече во Кремиковскиот манастир. Светителот ја донел одлуката тоа да биде и местото каде ќе го дочека судниот час. Далеку од било каква суета во Кремиковскиот манастир „Свети Ѓорѓи“ во строг пост, скромна ќелија и смирена молитва му минуваат деновите на 102-годишниот дедо Добри. Покрај сето тоа, дедо Добри децидно одбил да како донатор неговото име биде забележано во црквите и манастирите кои ги дарувал. За себе никогаш ништо не бара-ниту благодарност. „Почитувајте ги своите семејства, бидејќи Бог тоа го сака. Бидете добри, молете се и верувајте. Бог ќе ги слушне вашите молитви и ќе ги услиши“-е неговата порака до сите луѓе.