Здравје // Совети
Засладете го кафето, но без шеќер
Многу истражувања покажале дека пиење на неколку шолји кафе дневно служат како превенција дури и на прерана смрт. Но, ако не го поднесувате горчливиот вкус на кафето и го пиете засладено, со него внесувате и рафиниран шеќер или вештачки засладувачи кои се штетни по здравјето.
Можете да пробате со бадемово млеко и путер.
Нутриционистите често ја препорачуваат комбинацијата на путер и кафе како здрава, затоа што поволно делува на метаболизмот и на нивото на енергија.
Циметот го подобрува вкусот на кафето. Покрај тоа, овој зачин е одличен и за подобрување на метаболизмот и намалување на воспаленијата.
Исто така и медот е многу подобра опција од шеќер.