,

Зборувајте со децата како да се големи-Што е дислалија и зошто не треба да се толерира?

Добивај вести на Viber

Децата со дислалија привлекуваат внимание, па тоа не треба да им се толерира. -До дислалија (непрецизна или погрешна артикулација (изговор на гласови), а може да се презентира и како пропуштање на некој глас негова замена со некој друг глас , искривен изговор на одредени гласови и додавање на гласови на некои зборови или група на гласови) најчесто доаѓа поради несразмерен развој на говорно-јазичните компоненти во мозокот и моторичката подготвеност детето да го изведе она што го слушнало и што сака да го каже, објаснуваат експертите. Со тек на времето тоа кај децата се услогласува, но ако тоа не се случи потребно е да се побара стручна помош. Различни се причините зошто детето почнува да има нарушен говор и зошто доаѓа до регресија во говорот. Една од причините е доаѓање на братче или сестричка, па на тој начин сака да го привлече вниманието на родителите, кое сега му е „одземено“. Друга причина може да биде дека детото заклучило дека може да дојде до она што го сака со посебно обраќање. -Единствен начин детето да развие правилни говорни навики е да му се обратите со јасен и разбирлив говор. Треба да се избегнува дислалија и имитирање на неговиот неразвиен говор. Со детето од најран период би требало да разговарате како со возрасните, а ако детето е се почесто наклонето кон дислалија, не би смеело на тоа да му се придава внимание, советуваат логопедите.