На сите нас мајките ни говореа дека ако не стигнеме да каснеме нешто поконкретно, да изедеме барем една банана. Но, изгледа дека ова овошје сепак не е погодно за појадок.
Нутриционистите наведуваат дека иако бананата изгледа како совршена опција за брз појадок, сепак таа всушност не е тоа.
Ако се јадат сами, бананите не се најдобра опција бидејќи во себе содржат дури 25 посто шеќер и спаѓаат во умерено кисели намирници.
Најдобар начин за започнување на денот е појадок кој согорува маснотии, и кој ќе ве направи доволно енергични да издржите до следниот оброк. Иако бананите ќе ви дадат краток налет на енергија, брзо ќе почувствувате замор и глад.
Тие повеќе се создадени за ужина отколку како конкретен оброк, бидејќи самите не се доволни за започнување на денот.
Тоа чувство на умор и глад откако ќе изедете банана за појадок можете да го спречите така што со бананата ќе комбинирате храна полна со здрави масти како авокадо или зачин.
Бананите и припаѓаат на групата кисели намирници, таа киселина треба да се неутрализира така што ќе добиеме само добри бенефити од неа како што се калиум, влакна и магнезиум, а не шеќер кој предизвикува само краток налет на енергија.