ИНТЕРВЈУ- БОЈАН ТРАЈКОВСКИ-„АЈ КЈУ“: Македонија ќе победи на Евровизија, ама не гарантирам кога

Целиот фокус и енергија ни се насочени на предизвикот што следува, а не на математики околу краен пласман. Сепак има 43 земји учесници коишто на „Евровизија“ учествуваат за да ја слават музиката и миксот на културите. На крајот еден е победник, но тоа не значи дека сите останати 42 се поразени. Затоа и нема награда за второ и трето место на „Евровизија“ Јавноста годинава генерално се согласи околу домашниот претставник за изборот за песна на Евровизија во Лисабон, шармантното трио „Ај Кју“, кое го сочинуваат гитаристот, композитор и вокал Бојан Трајковски, пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски. 63. издание на „Евросонг“ ќе се одржува од 8 до 12 мај, а Македонија настапува во првото полуфинале, на 8 мај со песната Lost and Found. Автор на музиката и на текстот е Трајковски, а аранжер е Дарко Димитров. Повеќе од десет години колку што се активни на музичката сцена, „Ај Кју“ редат хит до хит. Повеќекратни добитници се на награди на радискиот фестивал МАРС, а на Скопскиот фестивал преклани победија со песната „Убава“ која Бојан Трајковски ја напиша заедно со Кристина Арнаудова, а аранжманот го изработи со Дамјан Темков. Сите ставови околу тоа што е за него „Евровизија“ и како тој ја доживува, муабетевме со музичарот Бојан Трајковски од „Ај Кју“. [caption id="attachment_18289" align="aligncenter" width="720"] Нема потреба со спортска страст да се проследува една музичка манифестација и најгледаното телевизиско шоу како што е „Евровизија“.- Бојан, Марија и Иво[/caption] Женски магазин- Имате ли долго желба, амбиција да заминете на „Евросонг“? Бојан- Долго време имам желба да се обратам на што поширока публика, а оваа шанса што ја овозможува „Евровизија“ доаѓа во прав момент кога и јас како автор, а и бендот сме во полна работна форма. Затоа сум многу среќен што ни се укажа една ваква можност за исчекор и претставување на меѓународната сцена. Драго ми е што песната „Lost and Found“ е избрана на конкурс помеѓу 382 композиции и се надевам дека ќе ја оправда доверба на комисијата и МРТ. [caption id="attachment_18287" align="aligncenter" width="720"] Какви и очекувања да имаме, што и да мислиме во однос на пласманот е ирелевантно.- „Ај кју“[/caption] Женски магазин- Каква е песната „Lost and Found“, кога ќе се промовира за јавноста? Бојан- Многу е тешко да се објасни и да се долови музиката пред да се слушне. Би им го оставил првиот впечаток на слушателите, за да го имаат вистинското доживување •. Во моментов песната се финализира и во скоро време ќе се промовира во јавноста. Јас само можам да кажам дека соработката со Дарко Димитров ни роди нешто ново и возбудливо. Женски магазин- По објавата дека вие ќе не претставувате на „Евросонг“, генерално, реакциите од јавноста се позитивни. Слушнавте ли негативни, сеирџиски коментари? Бојан- Преплавени сме со позитивни коментари и реакции од публиката која што не следи веќе десет години наназад. Сега дојдоа до израз сите добронамерници кои што со години навивале за „Ај Кју“ да бидат избрани за евровизиски претставници на нашата земја и тоа е многу пријатно да се слушне. Сигурно има и такви коишто имаат и поинаква замисла за евровизиски претставник на Македонија, меѓутоа легитимно право е секој да си го искаже својот став и мислење, и не сметам дека тоа е нешто негативно. • [caption id="attachment_18286" align="aligncenter" width="720"] Со Дарко Димитров, авторот на аранжманот на евровизиската песна[/caption] Женски магазин- Имате ли очекувања за пласманот во Лисабон, и што мислите, ќе влезе ли Македонија конечно во финале? Бојан- Какви и очекувања да имаме, што и да мислиме во однос на пласманот е ирелевантно. Тоа на што можеме да се посветиме е да ја подготвиме песната што подобро и да се претставиме себеси и Македонија во што поубаво светло. Целиот фокус и енергија ни се насочени на предизвикот што следува, а не на математики околу краен пласман. Сепак има 43 земји учесници коишто на „Евровизија“ учествуваат за да ја слават музиката и миксот на културите. На крајот еден е победник, но тоа не значи дека сите останати 42 се поразени. Затоа и нема награда за второ и трето место на „Евровизија“ •. Женски магазин- Како го коментирате досегашниот наш неуспех на тој план? Бојан- Токму не на тој начин, како неуспех •. Нема потреба со спортска страст да се проследува една музичка манифестација и најгледаното телевизиско шоу како што е „Евровизија“. Главната придобивка од евентуална победа е тоа што земјата победник добива улогата на организатор за следната година. Меѓутоа од секој фестивал излегуваат повеќе добри песни коишто понатаму оставаат печат, сјајот на шоуто не го дава само победникот. Јас сум сигурен дека Македонија ќе победи и ќе биде организатор на овој настан, само не гарантирам дали годинава или некоја од наредните•. Женски магазин- Размислувавте ли за тоа каков би бил сценскиот настап? Бојан Не. До вчера размислувавме, но по првиот состанок со тимот од МРТ веќе дејствуваме •. Во тек се подготовките на повеќе фронта одеднаш за што поуспешен завршен производ. Така што во многу скоро време ќе се одгатнат сите детали околу песната и нејзиното претставување. Женски магазин- Со што друго сте ангажиран како музичар освен со Евросонг? Бојан- Како композитор во „Eye Cue“ и пејач/гитарист, наставник по гитара во моето музичко училиште Music House и ко-автор и ментор на артисти кои што се дел од продукцијата Music House. Тоа се ученици спремни за први чекори во професионалните музички води. Секако тука се и музички соработки и проекти со претставници од домашната и од регионалната сцена. Женски магазин- За крај, да го објасниме името на бендот кое не значи коефициент на интелигенција? Бојан- Тоа е само име, не бара многу објаснувања. Но, не е коефициент на интелигенција. : -) За Женски магазин, Милица Џаровска