Исланд нека ни биде пример: Еднакви плати за мажи и жени по закон

Добивај вести на Viber

Браво за Исланд. Тоа е првата земја во светот која донесе закон со кој ги изедначи платите на мажите и жените кои работат на исто работно место. Сите компании и владините агенции кои што вработуваат најмалку 25 луѓе се обврзани да добијат сертификат од владата за нивните политики на еднакви плати. Компаниите кои што нема да докажат дека не исплаќаат еднакви плати ќе се соочат со казни. Законот за еднакви плати доби поддршка од централно десничарската влада во Исланд и од опозицијата, во парламент во кој што речиси 50 отсто се жени. Изминативе девет години, Исланд е рангиран од Светскиот економски форум како број еден земја за родова еднаквост.