Семеен Албум,
Семеен Албум
Истражување: Строгите мајки имаат подобри деца и подобро ги подготвуваат за живот
Мислите ли дека вашите родители биле премногу строги кога бевте дете? Ако, да веројатно секојдневно ве потсетувале на вашата иднина, како и редовно да ја чистите својата соба и секогаш да ги извршувате задачите на време. Многу луѓе пораснале со строги родители кои правеле да се чувствуваме како да не казнуваат цело време.
Иако е тешко да се поднесе постојано „мрмкање“, експертите тврдат дека родителите всушност одгледуваат поуспешни деца. Без разлика колку тешко мислите дека било вашето детство, еден ден ќе и благодарите на вашата мајка за тоа.
Една професорка на Универзитетот во Есекс, спровела студија која вклучувала повеќе од 15 000 деца на возраст од 13 до 14 години во период од шест години. Студијата покажала дека успешните луѓе имаат многу грижливи мајки.
Децата кои биле посигурни и самодоверливи имале строги мајки со големи очекувања. Тие деца имале поголема веројатност да завршат факултет и добијат добра работа, без разлика колку нереално звучи тоа.
Децата кои имаат строги мајки ги сметаат за непријатели, но подоцна во животот сфатат дека тоа е за нивно добро. Порано или подоцна, ќе сфатите дека вас вашата мајка ве одгледала правилно и дека вас добро ве подготвила за она што доаѓа во животот.