,

И тато и мама еднакво влијаат на тоа какви ќе станат децата

Добивај вести на Viber

Татковците со децата си играат поинаку, зборуваат поинаку. Нивните игри за децата се поинтерактивни, тие ги пуштаат децата да ги пробаат своите граници, а таквите деца стануваат посигурни луѓе во себе. -Докажано е дека бебето веднаш по раѓањето го препознава гласот на мама, тоа е глас кој постојано го слушало, уште додека било во стомакот. Но, исто така е докажано дека бебето освен гласот на мама препознава уште еден, а тоа е гласот на тато. Бебето на татковиот глас се навикнува од 32 - недела од бременоста, па ако сакате вашето дете да има близок однос со таткото, пуштете го таткото да му зборува, уште додека е во стомакот-порачува Уницеф. Истражувањата исто така покажале дека бебето мајката и таткото ги разликува по мирисот уште во првите денови. Затоа е важно тато да го носи, љуби и гали бебето уште од раѓањето, бидејќи наскоро и тој, како и мама ќе може да го утеши и смири новороденчето кое плаче, исто како и мама. -Докажано е дека, децата во чиј развој подеднакво учествуваат двајцата родители, имаат подобар успех во школо, повеќе пријатели, љубовните врски им се стабилни, а еден ден и тие сами стануваат подобри родители-нагласува Уницеф. Не заборавајте-секој момент е важен за развој на детето.