Моден фокус // Трендови
Каква мајка таква ќерка: Кетрин Зета Џонс со својата наследничка го воодушеви Њујорк!
Кетрин Зета-Џонс (47) е една од холивудските актерки која после неколку филмски успеси одлучила да му се посвети на семејството, сопругот Мајкл Даглас, синот Дилан (17) и ќерката Керис (14)
Иако не се типично холивудско семејство наклонето на прошетки по црвениот тепих, Кетрин овој пат направи исклучок и ќеката ја изведе на ревија на Мајкл Корс на Неделата на модата во Њујорк.
Во мајката и ќерката биле вперени сите очи на присутните, а комплименти на сметка на изгледот на наследничката на актерката само се нижеа.
Кетрин за оваа свеченост облекла едноставна црна тоалета, а еднакво модно освестената Керис се појави во здолниште на жолта нијанса и црна блуза.
Актерката веќе 17 години е во брак со актерската легенда Мајкл Даглас (72)