Како да знаете дали му „шетате низ мисли“?

Добивај вести на Viber

Имате впечаток дека ви праќа двосмислени пораки, еден момент ви се чини како да сака да каже дека му се допаѓате, а потоа исчезнува и не се јавува неколку дена. И потоа мажите велат дека жените се комплицирани! Можеби се во право, но како да дознаете дали му се допаѓате. 
Постојат неколку начини да се утврди дали му се вртите во глава...или само се обидува да биде фин. 

Еве ги петте најважни сигнали... 

Чести контакти

Се обидува да стапи во контакт со вас што е можно почесто. Не е случајност. Ако се обидува да контактира со вас често тоа е добар знак дека сте оставиле сјајен впечаток и дека му се допаѓате. 

Ви пишува смс пораки 

Фактот дека го жртвува своето време за да може да ви прати неколку реченици и ова би требало да ви биде причина за размислување. Три текстуални пораки дневно е навистина добар резултат! 

Ве гледа во очи додека разговарате

Дали пронајдовте момче кое не е поврзано со екранот на својот телефон? Тоа е вид во изумирање и ако цело време ве гледа во очи не дозволувајте оваа среќа да си оди од вас! 

 Се смее, но искрено 

 Лесно е да се заклучи дали насмевката е спонтана реакција или само начин да биде љубезен кон вас. Ако ви покажува заби додека се смее, а неговите очи сјаат со некој посебен сјај ова е одличен знак дека и тоа како му се допаѓате.   

Случајни допири 

 (Не) случајно и изненадно ве допира со рака. Не веруваме во чуда, но ние знаеме една работа: тоа дефинитивно не било случајно. Очигледно сака да стапите во контакт и да бидете сигурни во тоа. Сега само останува да се запрашате - дали тој е она што го сакате.