Како караниците влијаат врз нашето срце?

Добивај вести на Viber

Eднаш еден стар мудрец, ги затекнал своите ученици како жестоко се расправаат и викаат едни на други. Со неговата појава расправата прекинала, а тој ја искористил шансата да ги научи на една важна животна лекција. Ги запрашал: Зошто луѓето викаат кога се лути? Учениците размислувале некое време, додека еден не одговорил: Затоа што го изгубат трпението-тоа е причината. Но, зошто би викал ако таа личност е покрај тебе?- запрашал учителот. Зарем не е можно да се говори тивко и лесно? Учениците уште некое време давале одговори, но ниту еден не го задоволил учителот. На крај објаснил: Кога две лица се во караница, нивните срца премногу се оддалечат....Затоа мора да викаат еден на друг, како нивниот крик би ја премостил оддалеченоста и како би можеле да се слушнат. Колку полути се луѓето, толку посилно мора да викаат бидејќи оддалеченоста меѓу нив е се поголема Потоа учителот запрашал: Што се случува кога ќе се заљубат две лица? Не викаат еден на друг, туку говорат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу блиски. Оддалеченоста меѓу нив е многу мала. А што се случува кога уште повеќе се заљубат? Не зборуваат. Само шепкаат и повеќе се зближуваат во својата љубов. Конечно, не им треба повеќе ни шепот. Само се гледаат и тоа е се. Такви се две лица кои се сакаат. Потоа рекол: Кога се карате, немојте да дозволите вашите срца да се оддалечуваат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде толку голема и никогаш нема да има пат назад. Непознат автор.