Смарагдно зелената боја одамна е миленичка на модната индустрија, посебно во славеничко празничниот период кога таа не поздравува од насловните на магазините, уличните модни известувања, но и излози на омилените продавници. Со оглед на тоа дека оваа нијанса носи луксузен и тоа како елегантен и софистициран акцент, јасно е зошто во зимскиот период кадифето и свилата се обоени во оваа нијанса.
За дневни комбинации, дизајнерите претставија неодоливи сакоа од кадифе и модни додатоци во таа нијанса, за вечерни комбинации, тука се и фустаните и блузите, а смарагдно зелената е идеална нијанса и на капути или бунди. Одлично се сложуваат со розева, лила, боја на злато, како и црна и бела.
Доколку се прашувавте како да ја освежите гардеробата, ова е она што ви треба.