Кој стои зад легендата за Дедо Мраз?

Добивај вести на Viber

Дедо Мраз е култна божиќна икона која со генерации е пренесувана на децата, со што секое дете верувало во ова божиќно чудо. Полничок и белобрад дедо облечен во црвена облека со голема вреќа подароци на својата санка и со своите ирваси, одел од куќа до куќа и додека децата спиеле, пред божиќното утро им ги оставал подароците под елката, протнувајќи се низ оџакот. Децата се радуваат на оваа традиција, но исто и возрасните. Познат е во светот под многу имиња, но кој всушност е вистинскиот? Можеби малкумина знаат но Дедо Мраз е псевдоним за Свети Никола, бискуп кој живеел во четвртиот век во место наречено Мира, во денешна Турција. Тој бил многу богат од мал, бидејќи кога починале неговите родители му оставиле во наследство многу пари. Бил многу великодушен и љубезен човек. Многу често дарувал подароци без да побара нешто за возврат. Има многу легенди и верувања за делата кои ги правел овој човек. Исто така се верува дека сето свое богатство го раздал по сиромашните. Постојано кружи една приказна за еден човек кој бил многу сиромашен, а имал три ќерки немажени. Во тоа време многу лошо завршувале сиромашните девојки, најчесто како робинки, па Свети Никола решил да му помогне на човекот без да знае. Тој ставил пари во вреќички точно три за секоја ќерка по едно, со што ќерките на овој начин добиле мираз за да можат да се омажат. Дури се верува дека влегол преку прозорот и ги ставил во чорапите кои се сушеле покрај огнот, од таму и традицијата со чорапчињата покрај огништата. Така поради бројните дела кои ги има направено Свети Никола, во новото време се закитува со името Дедо Мраз или во англиски превод Санта Клаус, мала игра со зборови од Сант Николас. Тој е како еден вид нова традиција, но исто така и како мал изговор за децата да бидат мирни и послушни цела година, за да добијат подарок за Божиќ. Некои велат живее на Северниот пол, а други пак во местото наречено Лапонија. Тој е весел, грижлив, носи радост. Тој е Дедо Мраз, Свети Ник, Татко Божиќ, Божиќниот Човек, тој е Свети Никола. За Женски магазин, Ана Јордановска