ЛиДеМ поднесува Претставка до комисијата за заштита од дискриминација за изјавата на Груевски

Добивај вести на Viber

Претседателката на Либерално-демократската младина Моника Зајкова  е  шокирана и разочарана од вчерашната дискриминациска и сексистичка изјава на претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. – Со ваквата изјава, Груевски изврши директна дискриминација заснована на пол, но воедно и навреда на студентките во Македонија. По само неколку дена од кампањата која ја водеше Форумот на жени на ЛДП и парламентарното мнозинство, беше ратификувана Конвенцијата на Советот на Европа за борба против родово базирано насилство и семејно насилство–таканаречена Истанбулска конвенција, со која жените отвораат ново поглавје за прашања кои се однесуваат на унапредување на нивниот статус и напуштање на мизогинистичките политики, Груевски повторно не се воздржа од изјава со која жените односно студентките ги поимаше само како сексуален објект. Никола Груевски нема да одговара само пред Кривичниот суд за делата за кои го гони Специјалното јавно обвинителство, туку ќе одговара и пред друг надлежен орган за дискриминацијата и навредата која преку својот уништувачки, политички говор вчера ја упати кон студентките илустрирајќи ги низ споредбен пример цитирам: „Како кога студент во студентски дом влегува во собата на неговата колешка која е целосно соблечена и му вели ’Се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“, рече Зајкова. https://www.youtube.com/watch?v=2F9fBPalbho Според неа,  Груевски со дискриминациската изјава ја потценил вредноста на сите жени и девојки во Македонија и дека поради тоа,  треба да одговара пред сите.